Малолетник починал синоќа откако бил нападнат од куче што го чувал неговиот сосед во скопската населба Пинтија.

– Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Неофицијално, детето на осум годишна возраст било искасано од куче од расата англиски бул мастив.

ТВ Телма неофицијално дознава дека сега починатиот малолетник бил од Општина Гази Баба, а во моментот на несреќата бил на гости кај семејство во Пинтија.

Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација.

Информацијата за Телма ја потврдуваат и од МВР.

Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.