Од 27 до 30 овој месец Пехчево ќе биде домаќин на првиот Интернационален семинар за фудбалски тренери во Македонија.

Темата на семинарот, како што информираат организаторите од „ИСФЦ Македонија“, ќе биде „Учиме од шпанскиот фудбал“, а меѓу учесниците е најавено присуство на искусниот шпански тренер Фран Алонсо.