Познат е можниот датум за продолжување на сезоната во италијанскиот шампионат. Серија А може да започне одново на 20 мај. Во таков случај натпреварувањето е планирано да заврши на 2 јули, дознава „Кориере дело Спорт“.
На 20 мај можат да се одржат натпревари од 25. коло, кои беа одложени на крајот на февруари: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари.
Распоредот на средби до крајот е ваков:
27. коло – 23-24 мај
28. коло – 27-28 мај
29. коло – 30-31 мај
30. коло – 3-4 јуни
31. коло – 6-7 јуни
32. коло – 10-11 јуни
33. коло – 13-14 јуни
34. коло – 17-18 јуни
35. коло – 20-21 јуни
36. коло – 24-25 јуни
37. коло – 27-28 јуни
38. Коло – 2 јули.
Сезоната во италијанскиот шампионат беше прекината на 10 март поради пандемијата на коронавирус.