Серија земјотреси од 1,8 до 4,6 степени беа регистрирани утрово на Света гора на третиот крак на Халкидики во период од околу 40 минути, според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот беше со јачина од 3,1 степен, следеше втор од 3,8 степени, а нешто повеќе од 20 минути беше регистриран уште еден, посилен од 4,6 степени според Рихтер.

Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.