Дел од приврзаниците и симпатизерите на власта, нејзиниот срамен атак со брусилки врз Сонцето од Кутлеш, го оправдуваат со образложение дека на таков симбол не му било место на капаци од шахти. И дека тоа е недолично и никаде го нема освен во Македонија.

Но, на интернет се појавија фотографии со сонцето како симбол на капаци од шахти и во Лондон. Нивниот изглед, како што се тврди, таму е заштитен со закон и при реконструкција не смее да се менува. Некои, се тврди, се и оригинал од пред 150 години.

Па, се поставува прашањето: Како тоа што е симбол во цивилизирана Велика Британија е срамно и недолично во Македонија? А еден од можните одговори е: Британците, по се изгледа, немаат Влада која блеска и премиер кој се вика Зоран Заев.