Руската тенисерка Марија Шарапова се повлече од турнирот во Рим, објави tennis.com.

Тенисерката ја донесе оваа одлука поради повредата на рамото која ја мачи во текот на изминатите неколку години. Претходно, таа одби да учествува на силните турнири во Штутгарт (22-28 април) и Мадрид (4-11 мај).

Шарапова три пати го има освојувано турнирот во Рим – во 2011, 2012 и 2015 година. Русинката најверојатно ќе падне значително во рангирањето на ВТА листата и според тоа, нема да биде меѓу носителките на „Ролан Гарос“.

Пред една година, Шарапова по добрите игри во Мадрид и Рим, се искачи од 52-то на 30. место на ВТА ранг листата.