„Антропол вчера се најде на мета на пропагандниот портал „Вистиномер“, чија што цел е репресија и ограничување на медиумскиот простор за сите противници на естаблишментот и НАТО агресорите во земјава“, пишува сајтот на партијата Левица. Левица се лаже, „Вистиномер“ не го интересираат противниците на, според нив, „НАТО агресорите“ во земјава, туку секој кој различно размислува од удбашката струтура на власт, па макар тој кој различно размислува, го имал истетовирано НАТО на себе. Но, сепак, во продолжение, целиот текст на Антропол:

Како што веќе и е добро познато на јавноста, „Вистиномер“ е директно финансиран од страна на три организации прочуени по нивните глобално распослани кампањи за инсталирање на Влади и „невладини“ организации кои се послушни пиуни во рацете на западниот империјализам:

  • НЕД – Национална фондација за демократија, финансирана од Конгресот на САД; 
  • БТД – Бaлкански фонд за демократија на Германскиот Маршалов фонд на САД и
  • ФООМ – Фондација отворено општество – Македонија  
Спонзорите на „Вистиномер“

Текстот во кој крајно тенденциозно и малициозно се таргетира Антропол беше насловен: „Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“. Неговата цел не е само да се шири пропаганда во одбрана на Преспанскиот договор кој македонскиот народ го отфрла и никогаш нема да го прифати. Целта е да се замолчат и целосно да се цензурираат критичките медиуми на Фејсбук. Имајќи во предвид дека останатите медиуми, како телевизиите и весниците, веќе се под капата на естаблишментот, ова е крајно штетен процес кој има намера да воведе целосен медиумски мрак и тоталитаризам во државата.

Во текстот се користат класичните методи кои пропагандните неолиберални медиуми ги користат за дискредитирање на слободните медиуми како Антропол. Па така, тие намерно се фокусираат на деталите на дрвото во обид да го одвлечат вниманието од шумата која гори.

Антропол повеќе пати предупредува дека една од најштетните последици на Преспанскиот договор и насилната промена на името е извлекувањето на придавки како  „северномакедонски народ“ и „северномакедонски јазик“ од името Северна Македонија. За бројни примери на таквата употреба можете да го погледнете текстот „Две години Преспа – идентитетот бетон, објавен во јуни 2018 година, во кој се прикажува употребата на придавката „северномакедонски“ во англиското говорно подрачје. Исто така, лидерот на Левица Димитар Апасиев повеќе пати предупредуваше за ваквите последици за време на кампањата „Бојкотирам“ против промената на името (видео на крајот на текстот).

ПРИМЕР 1:  На страна на Википедиа пишува северномакедонски парламентарни избори

Штетната употреба на „северномакедонци“ како придавка е се’ позастапена по светските медиуми, што значи дека Преспанскиот договор се докажува како агресивен упад во македонскиот идентитет, кој засилено се шири низ каналите не само на  светските медиуми, туку и низ сите меѓународни и државни организации и институции на ширум светот.

Придавката Nordmazedonien се вгнезува во германскиот јазик

Во германското говорно подрајчје постојат различни примери за употреба на придавката Nordmazedonien. На пример на веб страната на речникот duden.de кога ќе го пребарате терминот nord­ma­ze­do­nisch, се појавува следната фраза „Северна Македонија, кое се однесува на северомакедонците од Северна Македонија“.