Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди за ТВ24 екс секретарот на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски.

Тој изјави дека во Мексико отишол на одмор со семејството бидејќи било многу евтино, а одморот го планирал со месеци претходно.

– Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра, изјави Рашковски.

Некои медиуми денеска објавија дека значително скокнало богатството на Рашковски откако тој ја напуштил функцијата секретар на Владата. Рашковски се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше обелоденета аферата со софтверот за МВР што е скапо платен, а не се употребува.

Институциите во Македонија си ја префрлаат одговорноста која е надлежна да постапи во случајот со Рашковски.