Љубопитноста на младите генерации е нешто што секогаш ме фасцинира, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска настапи во улога на едукатор по политичко образование во Претседателскиот центар.

– Со задоволство давам одговори на сите прашања. Двата поминати часа денеска со слушателите на Школата за политики од Претседателскиот центар за политичко образование, ми поминаа како две минути, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.

Шекеринска на крајот од објавата додава:

– До следното видување момци и девојки!

Како што е познато Шекеринска е инженер по професија, но многу подобро плива во политичките води и поомилени и се политичките отколку техничките предавања.