До неодамна за Преспа знаевме само ние дома, а денес за Преспа знае целиот свет, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која е „На прав пат“ во Преспа.
Таа смета дека со Договорот со Грција ја прославиле Преспа.
– Светот и соседите свртија нов лист, решивме децениски проблем и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО. Го загарантиравме македонскиот јазик и идентитет, признаени од целиот свет и сега тоа не може да ни го одземе никој, рече Шекеринска на партиската трибина во Ресен.
Таа го пофали и „државничкото однесување“:
– Покажавме што значи државничко однесување, работевме за сегашноста, но и за иднината на нашите деца. Одиме кон ЕУ и НАТО, на прав пат сме, заклучи Шекеринска.