Со покриено лице и глава, Катица Јанева (или наводната Катица Јанева) денеска го напушти затворот во Шутка каде беше во притвор и замина во домашен притвор.

Таква одлука донел Апелациониот суд, кој го прифатил барањето на Јанева да си оди во домашен притвор.

Таа во истражниот затвор во Шутка е од 21 август годинава, кога беше уапсена како второосомничена во криминалната афера „Рекет“.

Јанева неколкупати беше хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност, по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.

Апелациониот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на бившата шефица на СЈО. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.