Економијата е силна, создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните и се гради на секој чекор, низ цела држава, истакна денеска вицемпремиерката и министерка Радмила Шеќеринска, како заменик претседателка на партијата, на состанокот со претседателите на комисиите на СДСМ.
– За само две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата на СДСМ се реализирани. Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО, економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава. Концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите, рече Шекеринска.
Таа додаде дека „со мерката за поврат на ДДВ 50 милиони евра годишно се враќаат кај граѓаните“.
– Социјалната помош ја покачивме за 300 отсто, за земјоделците обезбедвме зелена нафта поевтина за 30 отсто, ДДВ-то за парно се намали од 18 на 5 отсто, ја вративме евтината тарифа на струјата. Со низа на мерки парите ги насочуваме кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет. Со ребалансот на Буџетот кој утре влегува во собраниска процедура воведуваме нови мерки и обезбедуваме повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари. Ги укинуваме квотите за лекови, обезбедуваме доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, правда и одговорност за секого. Како носечки дел во креирањето на политиките Комисиите на СДСМ продолжуваат со подговотки на нови мерки и политики за подобрување на животот на сите граѓани, вели Шекеринска.