Од почетокот на годината Армијата доби и нови беретки, информира денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа оваа информација за промоцијата на беретките и опремувањето на Армијата (АРМ) ја објави на својот официјален профил на Фејсбук.

– Со нив за прв пат војниците и старешините имаат целосно нов комплет: нова униформа, нови чизми и нови беретки. Продолжуваме понатаму!- објави Шекеринска на Фејсбук.

Шекеринска во претходниот мандат, како министерка за одбрана, промовираше нови гуми за возилата, потоа чизми, а еве во Новата 2021 година и нови беретки за војската на АРМ, која лани стана дел од НАТО.

(Д.Г.)