Следен пат кога ќе дојдам овде ќе летам со параглајдер, објави денеска вицепремиерката Радмила Шекеринска, по посетата на Крушево.

– Ме понесе возбуда и адреналин кога дојдов на ова светски познато полетувалиште за параглајдери над Крушево. Едно од трите најпознати во светот. Одличната локација и воздушни струења кои овозможуваат и до 3 саати да се остане во воздух, го зголеми бројот на параглајдеристи за 60 проценти. За оваа прекрасна локација извести и National geographic. Ова место ќе стане и повозбудливо по изградбата на контролната кула. Проект кој го помага нашата Влада со 8 милиони денари, објави Шекеринска на Фејсбук.

Шекеринска лета со авион, Шекеринска лета со хеликоптер, Шекеринска на носач на авиони… Адреналинот сега ете пред избори ја понесол да летне и со параглајдер.

(Д.Г.)