Резултатите кои ќе ги постигнеме во НАТО ни ги градат позициите и во ЕУ, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Неделата ја почнуваме со консултации со нашите одбранбени дипломатски претставници во Брисел, Монс, Вашингтон, Анкара, Париз и Берлин. Тие имаа сериозна улога во постигнувањето на нашата стратегиска цел во 2020 – членството во НАТО, и исто толку важна улога во 2021 – година во која ќе покажеме дека со членството на Северна Македонија во НАТО, сојузниците добија сериозна и одговорна членка, посветена на обврските кои произлегуваат од полноправното членство. Резултатите кои ќе ги постигнеме во НАТО ни ги градат позициите и во ЕУ. Ова ќе биде година на интензивни реформи дома, посветени на двете стратегиски цели подеднакво, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.

Засега, сепак, позициите на Македонија кон ЕУ се „вкопани во рововите“ на нејзиниот бугарски колега, Красимир Каракачанов и блокадата од Бугарија.