Наскоро ќе има ново големо покачување на платите, вети вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
– Ветивме и реализираме – платите растат. Наскоро следи ново големо покачување на платите. До крајот на мандатот ќе ги реализираме предизборните ветувања за минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари. Зборот важи, објави вечерва Шеќеринска на Фејсбук.
А граѓаните се чудат: Кога било претходното „помалото“ покачување!?
Најпродуктивни „фабрики“ во Македонија се тие што произведуваат ветувања за повисок стандард, повисоки плати и посреќен живот, а овие капацитети стануваат најексплоатирани и продуктивноста најголема кога најниско е паднат моралот на граѓаните и вербата во власта.