Драго ми е што бев поканета од Центарот за американски прогрес ( Center for American Progress) и Мрежата за глобален прогрес ( Global Progress Network) да дадам поддршка до претседателот на САД Џо Бајден за нови политики во борбата со климатските промени, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Таа борба е заедничка, а победата е важна за иднината на целиот свет. Заедно со бројни креатори на политики, влијателни личности и застапници за подобро утре, апелиравме до претседателот Бајден – време е да се избориме за нашата планета, објави Шекеринска на Фејсбук.

Полесно е да се води светска војна против климатските промени, отколку да се поведе битка против депонии и загадувањето во својата земја. А геслото на еколозите беше: Мисли глобално, делувај локално!