Јас мислам дека претседателот на СДСМ и премиер погреши што го врза својот мандат со резултатот од локалните избори, изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана и сопартијка на Зоран Заев.

– Сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, да не се даде шанса на Бугарија да искористи каква било слабост кај нас за да рече – не може да се најде решение. Нашето мнозинство во парламентот не е мнозинство за еден ден – тоа треба биде мнозинство што ќе испорача резултати во европските интеграции исто како што испорачавме резултат со НАТО. Треба да се обидеме да успееме а не да чекаме отстрана и да се надеваме нешто да тргне наопаку. Мислам дека не треба да им влегуваме во лошиот и од минатиот четврток – лузерски филм, објави Шекеринска на Фејсбук.

Министерката под нејзината објава го додава хаштагот ТопТема.