Ајде, да пукне, со министерката за одбрана!
Така може да се крсти денешнава тазе фотографија што Радмила Шеќеринска ја објави на својот Фејсбук профил.
– Денес во Берово го прославив со граѓаните празникот Пресвета Богородица. Овој празник да го минеме во мир, здравје и љубов и да се потсетиме дека меѓусебната почит и пријателство се најважни, објави Шеќеринска на Фејсбук.
Грбот на министерката и го чува нејзиниот колега од Владата и партијата, министерот Горан Сугарески, кој го очекува „плотунот“ од познатиот поздрав „да пукне“ со девојчето кое го сретнале попат.