Живеењето големо е живеење со изобилство. Изобилството не е она што го поседувате, туку она што го споделувате. Живеењето големо е учење како да се поделите вие, вашите приказни и да уживате во неверојатните конекции што ќе настанат. Ова може да го промени вашиот живот и да ја зголеми вашата среќа. Но што всушност значи овој концепт и како да го постигнете тоа? Прочитајте во продолжение.

Насочете го фокусот кон позитивни нешта
Луѓето се програмирани да го гледаат негативното во животот, па може да биде потребно време да престанете да се фокусирате на ова кога ќе се случи нешто добро. Важно е да не размислувате за негативното и да ги прифатите позитивните ефекти во вашиот живот. Фокусирајте се на изобилството во деловите каде што е важно како дарежливоста, иновацијата, креативноста, искреноста и среќата. Овие нешта ќе ви помогнат да го живеете животот според здрав морален компас и ќе привлекувате луѓе со исто размислување.

Живејте со скромност и благодарност
Дали сте одвоиле време да забележите што ви дал животот и да се заблагодарите за тоа? Изобилството околу вас е неверојатно. Живеете во неверојатен систем дизајниран да ве одржи во живот. Потребно е да дишете, да јадете, да спиете и да работите за да живеете во овој неверојатен систем. А тој ве поддржува секој момент од секој ден, без разлика дали сте свесни за тоа. Колку посвесни сте, толку ќе бидат поголеми вашата скромност и благодарност. Кога живеете скромно почнувате да препознавате дека секое утро имате можност да го извлечете најдоброто од животот. Дел од големото живеење е да препознаете за што треба да бидете благодарни и да се заблагодарите.

Ценете ја вашата слобода
Слободата не е нешто што ви е дадено, таа е нешто што го земате. Понекогаш треба да престанете со работата, да излезете надвор и да вдишете длабоко. Почувствувајте сè околу вас. Сето е овде за вас. Не ве чини ништо да го цените. Одвреме-навреме сте толку зафатени што ги заборавате неверојатните нешта кои веќе ги имате. Препознајте ја вашата слобода и постигнете ги вашите цели. Разберете дека се возможни. Потоа забележете како прифаќањето на вашата слобода ќе ви го подобри животот. Кога ќе почувствувате дека ви е потребно приземјување, излезете надвор и заблагодарете се за она што го имате.

Живејте како соништата веќе да ви се оствариле
Вашите соништа ќе ве однесат на патување што ќе би го промени животот. Кога живеете големо, вие и вашиот живот ќе се подобрувате уште повеќе, а новите соништа ќе ги заменат веќе исполнетите. Немојте да барате нешто што ви недостига надвор од вас. Понекогаш е потребно само да го препознаете.

Ќе научите да верувате во невозможното
Поставете си ги следниве прашања: Зошто да не ги следам моите соништа? Зошто не можам да го направам животот каков што сакам? Зошто не можам да бидам незапирлив/а? Зошто грешките и неуспесите не ме водат кон успех? Зошто не можам да си замислам успешна иднина како веќе да се случила?

Кога ќе почнете да ги гледате затворените врати како можности, ќе сфатите дека сте способни за многу повеќе. Замислете си дека сте успешна личност и поставете си ги овие прашања. Потоа размислете што треба да преземете. Вашиот сон е реалност и ве чека. Колку повеќе верувате во вашите соништа, толку сте посилни.

Ќе научите да се дисциплинирате, сакате и прифатите себеси
Следењето на која било структура бара дисциплина. Ова важи и за живеењето големо. Како што вежбате да бидете благодарни, ќе почнете да се цените и да се сакате повеќе. Сепак вие сте причината што сте ги постигнале вашите цели. Колку подисциплинирани сте толку подобри резултати ќе добивате. Љубопитноста, дисциплината и здравите врски нека ви помогнат да ги надминете пречките. Заслужувате да бидете среќни и да имате можност да ги остварите вашите соништа. Отворете се кон нови можности и станете промената што сакате да ја видите во вашиот живот.