Зелениот покрив на Градскиот трговски центар е демолиран од страна на едно лице кое е снимено од безбедносните камери.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејбук профил објави видео од демолирањето.

– Зелениот кров на ГТЦ … И сторителот. Нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не, напиша Шилегов.

Проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ беше промовиран во февруари годинава, а предвидува на површина од 1.800 метри квадратни да бидат засадени повеќегодишни дрва, да има летна сцена, кафетерија…