Скопскиот градоначалник Петре Шилегов откако го „среди“ Скопје и најтрофејниот македонски фудбалски клуб, вчера како домаќин на лидерите од Мал Шенген ги опреми и со дресови.

Шилегов ги нагости и ги рашета по најновите плочки на кејот од Вардар претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и на премиерот Зоран Заев.

На сите балкански лидери им подели подароци, меѓу кои и фудбалски дресови. Еди Рама доби дрес од калчочигашот Јувентус, бидејќи е познат фан на одов италијански клуб. На Вучиќ му подари дрес од српскиот прволигаш Црвена ѕвезда, а само Заев доби дрес од второлигаш, од најтрофесјниот македонски фудбалски клуб Вардар, кој годинава испадна од Првата македонска фудбалска лига.