Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска објави важна вест за спомениците во градот.
– За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат за неверојатниот свет на диносаурусите и да се сретнат очи во очи со застрашувачкиот T-Rex, големиот но мирољубив Трицератопс и многу други! Конечно и кај нас, наскоро отворање на новиот Дино Парк во Зоолошката Градина во Скопје! Бидете подготвени“- објави Шилегов на својот профил на Фејсбук.
И така, актуелната градска и централна власт, во тн. шарена револуција војуваше против историските споменици и „антиквизацијата“ и сега не враќа напред во иднината на праисторијата.
(Д.Г.)