Почитувани (со)граѓани, претстојниов викенд, поминете го дома и посветете се на семејството, апелира градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
– Сакајте ги своите блиски. Со таквото свое одговорно однесување, потврдете ја својата љубов кон нив. Семејството нека биде пред се’. Токму заради семејството, за вашите и нашите блиски. Зависи од сите нас. Секој нека преземе дел од одговорноста. Лична одговорност, лична безбедност, остани дома, порачува Шилегов преку Фејсбук.
Овој апел е прилог во борбата против ширењето на коронавирусот.