Главната причина за инцидентот со руската подморница, во кој загинаа 14 членови на екипажот, е пожар во  одделот за напојување на електричниот систем во подморницата, соопшти министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

– Утврдена е основната причина за инцидентот, тоа е пожар во одделот за акумулатор, кој потоа се проширил, рече Шојгу по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

Во документот објавен на веб-страницата на Кремљ се наведува дека Шојгу му рекол на претседател Путин дека пожарот избувнал во машинското одделение и истакнал дека нуклеарниот реактор во подморницата бил целосно изолиран.

Морнарите загинаа во понеделникот во територијалните води на Русија на далечниот северен дел на земјата.