Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска оцени дека украинската контраофанзива е целосен неуспех, но додаде дека ситуацијата во дел од регионот Запорожје, што е под руска контрола, е тензична, јавија западни медиуми.

– Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, рече Шојгу. – Ситуацијата е најтензична на фронтот во регионот Запорожје“ додаде тој. – Непријателот активираше бригади од своите стратешки резерви чии војници се обучени од западни инструктори“, појасни рускиот министер.

Русија окупираше делови од Украина за да воспостави „копнен мост“ до црноморскиот полуостров Крим, што незаконски го анектираше во 2014 година.