Германскиот кошаркар Денис Шредер во новата сезона ќе го носи дресот на Селтикс, објави клубот од Бостон.

Дваесет и седумгодишниот Германец им се приклучи на Селтикс како слободен играч.

Шредер претходно играше за Лос Анџелес лејкерс. Во сезоната 2020/21, тој имаше просек од 15,4 поени, 3,5 скокови и 5,8 асистенции по натпревар.