Одговорот на вечното прашање – што да правиме со сметот од големиот град, го има Копенхаген: да се направи скијалиште.

Сметот е лоциран во Копенхалија, фабрика за преработка на смет што е на околу десет минути од центарот на главниот град на Данска. Нејзинат главен објект е футуристичка зграда со накосен кров со височина од 85 метри и покриена со подлога „neveplast”.

Изгледа како ски патека освен што е зелена.

„Мислам дека сите се изненадени кога ја гледаат патеката и гледаат дека нема снег”, изјави Кристијан Ингелс, директор на Копенхил.

„Фантастично е што сред град можете да го направите она што го сакате најмногу”, вели Пеле Хансен, кој ужива во скијањето.

„Наместо да возиш шест, седум, осум или десет часа до ски-центарот, може да дојдеш тука за десет минути”.

Оваа фабрика за преработка на ѓубре беше ставена во функција во 2017 година, а рекреативниот дел ќе биде целосно отворен оваа пролет. Скијачкиот центар ќе може да се користи во текот на целата година.