Денот на самците 11.11 (единаесетти ноември) се одбележува од 1990г., како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе. Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11 е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот.

На овој ден, компаниите нудат огромни попусти на своите производи за период и важност од 24 часа. Во оваа акција земаат учество најголемите светски компании за онлајн продажба, но и компании за малопродажба од целиот свет. Лани на овој ден, за само 24 часа, една од најголемите светски компании за онлајн продажба направила вкупна продажба од над 30 милијарди долари, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.

Оваа година, овој понеделник 11.11, празникот ќе земе замав и кај нас. Најголемиот бренд за малопродажба на апарати за домаќинство “Нептун” организира голема акција по повод овој светски настан. Акцијата Само еден ден 11.11” ќе нуди огромни попусти и супер понуди од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Акцијата ќе важи за купување во “Нептун” продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store.

Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во шопингот!