Никогаш не е доцна да станеш предмет на потсмев. Дури и да си платил многу пари за да си го подобриш изгледот.
На социјалните мрежи кружи фотографија од силиконска убавица која заспала во тек на лет на авионот. Убавицата е „уловена“ во прилично неудобен момент кога не изгледа баш убаво.
Авторот на фотографијата тврди дека не сакал да ја изложи на потсмев девојката, туку сакал само да покаже што може да се случи со жените кога ќе претераат со желбата да изгледаат така како што не ги обдарила природата.
Снимката предизвикала илјадници коментари од кои, повеќето, можете да претпоставите, се негативни кон девојката, иако таа не направила ништо лошо, ниту пак различно од тоа што го прават илјадници и милиони жени низ светот.