Француските дипломати денеска стапија во еднодневен штрајк поради одлуката на претседателот Емануел Макрон за изедначување на дипломатите од кариера со другите државни службеници.

Тоа е втор штрајк на дипломатите во изминатите 20 години.

Група од 500 француски дипломати минатата недела во авторски текст објавен во Монд истакнаа дека одлуката на Макрон води кон исчезнување на професионалната дипломатија во Франција, како и самиот опстанок на Министерството за надворешни работи.

Тие тврдат дека нивната работа бара специјализација и стручност која се стекнува со години на работен стаж ширум светот и дека во неа нема место за аматери.

Шефицата на француската дипломатија Катрин Колона се уште не го коментираше штрајкот.