Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да се врати во репрезентацијата на Шведска. Според официјалната веб-страница на тамошната  фудбалска федерација, селекторот Јане Андерсон имал средба со 39-годишниот напаѓач на која се разговарало за негово можно враќање.

–  Кога Златан остави простор за враќање во националниот тим, ми се чинеше природно и важно да се состанам и да разговараме. Драго ми е што успеавме да го сториме тоа толку брзо. Средбата беше многу добра и пријатна, се согласивме да го продолжиме дијалогот , изјави Андерсон.

Ибрахимовиќ играше за репрезентацијата на Шведска од 2001 до 2016 година, одигра 116 натпревари и постигна 62 погодоци.

Шведска се пласираше на Евро 2020, каде ќе игра против Шпанија, Словачка и Полска.