Диего Марадона не починал од срцев удар, како што првично било објавено во медиумите, туку од акутен белодробен едем.

Сепак, белодробниот едем бил предизвикан од слаба функција на срцето, а обдукцијата на Марадона утврдила дека неговото срце било зголемено и слабо, што го отежнувало пумпањето крв во остатокот од неговото тело.

Обдукцијата ја извршиле шест лекари, од кои пет биле назначени од властите , а еден од семејството. Во тек е токсиколошката анализа за да се утврди дали имало наркотици или алкохол во телото на Марадона во тек на минатата недела.

Пред две недели, Марадона бил пуштен на домашна нега по операцијата на тромб во главата на 3 ноември. Тој се опоравувал добро, но се појавил уште еден проблем, што го чинеше живот аргентинската легенда.