Македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски Иџе, по тркачиот викенд во Италија, објави дека е заразен со Ковид-19.

Тој оваа вест ја објави на социјалните мрежи.

– За жал, позитивен! Сега малку одмор и да се надеваме дека сè ќе биде во ред, објави Иџе на Фејсбук.

Поради пандемијата и рестрикциите во Европа, Иџе го пропушти најголемиот дел од тркачката сезона, но се натпреваруваше на последните трки и освои бодови во ТЦР Италија шампионатот.