Баерн го победи Салцбург (3:1) во 4. коло од Лигата на шампионите. Клубот од Минхен го доби својот 16-ти по ред натпревар во натпреварување организирано од УЕФА и го повтори достигнувањето на Атлетико.

Баерн победи на 4 натпревари во оваа сезона, ја совлада Севиља во Суперкупот на Европа и беше посилен од своите противници на сите 11 натпревари од Лига на шампионите минатата сезона кога стана европски првак.

Атлетико имаше 16 победи од 2011 до 2012 година – во Лига Европа и Суперкупот на Европа.

Баерн ќе игра против Атлетико на 1 декември.