Шведска праќа дипломати во Турција за да се обидат да ги надминат приговорите на земјата околу шведскиот план да му се приклучи на НАТО, јави Би-Би-Си.

Потегот е во моментот кога се очекува Шведска официјално да се огласи околу барањето за влез во Алијансата. Финска веќе потврди дека ќе поднесе барање за членство.

Турција, што е сојузник на двете држави, соопшти оти нема да гледа позитивно на нивните апликации. Претседателот Таип Ердоган изјави дека „скандинавските земји се куќи за гости за терористички организации“, пишува Би-Би-Си.