Селекторот на шведската репрезентација Јане Андерсон ја коментираше победата над Полска (3:2) и пласманот во плејофот на ЕВРО 2020.

– Ова е фантастично чувство. Ја поминавме групата на светскиот шампионат и го сторивме тоа повторно. Моите играчи се вистински воини, тие се фантастични. Тие се жртвуваат еден за друг, а целиот тим заслужува пофалби. Мислам дека противниците нè сметаат за тежок тим. Треба да биде така. Полска е голема фудбалска нација и тие имаат играч од светска класа, како Левандовски кој го покажа својот талент повеќе од еднаш. Многу ми е драго што успеавме да се справиме со оваа ситуација и да го добиеме натпреварот.

Сепак, има работи што можеме да ги подобриме, истакна Андерсон.

Во осминафиналето, Шведска ќе игра со Украина на 29 јуни во Глазгов со почеток во 21 часот.