Швеѓаните одлучија да преземат директна акција против поскапувањето на храната.

Организираа седумдневен бојкот на најголемите супермаркети во земјата, објави „Гардијан“.

Протестот, познат како „Бојкот на 12. недела“ – наречен така затоа што почна на 12. недела од календарската година – почна минатата недела и бргу стана национална тема благодарение на објавите на социјалните мрежи.

Според процените, цената на храната за просечното семејство во Шведска е зголемена за речиси 2.740 евра од јануари 2022 година.