Светот се соочува со избор помеѓу соработка или судир, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.

Неговата изјава е во време на трговскиот спор помеѓу Кина и САД.

Трамп претходно ја обвини Кина дека се користи со „злобна“ тактика кога станува збор за  трговијата.

Кинескиот претседател Си присуствува на годинешниот самит на БРИКС во Јоханесбург.

Петте лидери на земјите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република) ги криткуваа САД поради зголемените даноци на увезенета стока.

Покрај петте лидери, бразилскиот претседател Мишел Темепа, рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нерендра Моди, кинесиот претседател Си и претседателот на Јужноафриканската Република Кирил Рамофос, на самитот е поканет и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.