Неколку мигранти кои се обиделе да ја поминат границата на Турција и да влезат во Грција, се пожалиле на репортерот на Си-Ен-Ен дека грчките сили им ги одзеле документите, парите, телефоните и облеката пред да ги вратат назад во Турција само во нивната долна облека.

Грците ги враќаат бегалците кај Пазаркуле назад преку реката Марица (Грците ја нарекуваат Еврос) која ја формира природната граница меѓу двете земји.

Си-Ен-Ен тврди дека постои видео од овој настан кој е во посед на ТРТ. Медиумската куќа додава дека организациите за човекови права кои се наоѓаат на теренот и за кои овие настани се извонредна прилика да заработата многу повеќе пари, регистрирале и документирале низа вакви случаи на однесување на грчките сили, кои имаат поддршка од ЕУ за своето однесување.

Телевизијата додава и дека грчките власти изречно ги негираат ваквите тврдења.

Сепак, Абдел Азис, 20 годишен кројач од Алепо се пожалил дека бил тепан, соблечен во долната облека и бил испратен назад откако сите работи му биле одземени.

„Бевме уапсени од полицајци или војници, не знам што беа, носеа оружје… ни ја одзедоа облеката, и бевме вратени назад во долна облека. Пред тоа не тепаа, некои беа толку тепани што веќе не можеа да одат“, изјавил Азаис пред репортерот на Си-Ен-Ен.

Слично сведочел и 23-годишниот Хамед од Авганистан, кој бил со сопругата и 14-месечното бебе.

„Не тепаа со некои стапови, ни ги одзедоа работите и не вратија назад“. Тој истакнал дека и неговата сопруга била удирана.

Си-Ен-Ен во прилог на ова ја цитира и изјавата на грчкиот премир Мицотакис за нивниот новинар Ричард Квест дека Грција не употребува екстензивна сила.