Екипата на Си-Ен-Ен од Киев јави за бројни експлозии во и околу градот, од кои две големи експлозии го „осветлиле небо во ноќта“ југозападно од Киев.

Новинарите на американската ТВ куќа наведуваат дека украинските власти ги предупредиле жителите на Киев и другите градови да се подготват за воздушни напади, кои се чини дека почнаа во раните утрински часови по локално време.

Си-Ен-Ен објави снимка од, како што се чини, голем пожар во близина на центарот на Киев, а „Киев пост“ објави дека гори магацинот за нафта Василков, на околу 20 километри јужно од Киев.

Две огромни експлозии се слушнале југозападно од Киев, а се чини се случиле на 20 километри од центарот на градотИстовремено, и во Харков и во Василики  се слушале силни детонации.

Видеото кое е објавено на социјалните мрежи, за кое се тврди дека е од Киев ноќва, може да го погледнете ТУКА.