Сателитски снимки покажуваат нова база за балистички ракети со голем дострел во Северна Кореја.

Американската телевизија Си-Ен-Ен ги објави сателитските снимки од новата база Јеонгџео-донг, лоцирана во планински предел во внатрешноста на земјата, чие постоење се уште не е објавено.

Експертите истакнуваат дека локацијата на базата е погодна за распоредување на нови севенокорејски ракети со голем дострел, кои би можеле да носат нуклеарни глави.

– Ја набљудуваме Северна Кореја но не можеме да разговараме за разузнавачки прашања, се наведува во соопштението на американското Министерство за одбрана.

На средбата во во јуни во Сингапур, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскито лидер Ким Џонг-ун се договорија за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Но, во договорот не е прецизиран рок, како и начинот на реализација.