Најмалку четири лица загинаа при напад со автомобил-бомба врз полициска станица во градот Џабахар, југоисточен Иран.

Иранската државна телевизија јави дека се слушнала експплозија и истрели во градот, но не наведе детали.

Телевизијата инцидентот го окарактеризира како терористички напад.

Досега ниту една екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.

Џабахар е пристаништен град на Индиски Океан, на стотина километри од границата со Пакистан, во провинцијата Систан и Белуџистан. Градот често е мета на напади од страна на терористички или сепаратистички групи.