Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтер во околу 13.30 часот ги потресол јужните делови на Босна и Херцеговина, а се почувствувал и во Хрватска.

Како што кажуваат податоците од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил на девет километри југозападно од Столац, на длабочина од два киломтери, пренесува порталот Кликс.

Хрватските медиуми јавуваат дека се почуствувал во Дубровник, Сплит и други места.