„Преименувањето на институциите е демакедонизација! Правдата за Македонија мора да победи! Јас сум кандидатката што се борела, се бори, и ќе се бори за зачувување на идентитетот и името македонско врз база на владеење на правото за сите граѓани. Ве молам, погледнете го видеото и раширете го нашиот глас за заедно да победиме на претседателските избори“, напиша кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.