Околу 300.000 иселеници кои имаат македонско државјанство не се попишале, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за ТВ Телма.

Пописот завши во септември, а за обработката на податоците ќе биде потребно време од половина година.

– Тоа е обработка која мора да трае извесен период. На претходните пописи најрано беа година и пол, а некои траеја по две години. Шест месеци е краток период, изјави Симовски.

Податоците ќе се знаат дури кога ќе завршат сите фази на обработка.

– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале, истакна Симовски.

Пописот опфати 1.833.000, а дополнително 205.000 се регистрираа во странство.