Вечерва при своето гостување Апостол Симовски во емисијата „Вин вин“, директор на ДЗС се закани кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.