Не се чувствувам веќе како државен непријател број еден во државава, изјави вечерва за ТВ Сител во емисијата Тема на денот директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

-Апсолутно нема основа за тоа. Првично ја дадов таа изјава затоа што како и за се друго во државава очекував дека ќе има многу незадоволници кои што нема да имаат исполнети желби и очекувања и не посакуваат да се соочат со реалната состојба со населението во земјата, рече Симовски.

Симовски потенцираше дека апсолутно стои зад бројките.

-Целосно се задоволени сите методолошки и професионални стандарди, рече Симовски.