Синот на Панчо Минов вработен во буџетска канцеларија во Собранието, непосредно пред гласањето за усвојување на Законот за јавно обвинителство, дознава Република.

За ваквата информација од Република побарале потврда од претеникот од ГРОМ, Минов.

-Да, вработен е преку фондација. Мојот син нели треба да се вработи некаде, рекол Минов, негодувајќи што, како што кажа, му поставувале приватни прашања.

Не се знае дали е дел од пакет понудата за да гласа за законот за обвинителство.  Минов одбегна да каже од кога неговиот син го добил работното место.

-Вработен е, ајде чао, рече Минов.

Дали се повторува приказната од уставните измени со кои беше сменето уставното име, кога беа буквално купени пратеници за да се протурка ваквото решение. Не се знае дали вработувањето на синот на Минов е дел од пакет понудата за да гласа за законот за обвинителство, но фрла сомнеж дека се подготвува истото сценарио.

Не е спорно што синот на Минов се вработил. Спорно е што се вработил во Собрание, а според информациите, непосредно пред гласњето. Уште поспорно ќе биде доколку се Минов гласа За за законот за ЈО што сака насила да се донесе.

Република вчера објави дека повеќе политички партии брифираат дека притисоците врз пратениците и трговијата со гласовите се случува само десетина часа откако лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека до раните утрински часови правел консултации за да обезбеди 80 пратеници за усвојување на новиот закон за Јавно Обвинителство. Слично како и кога се гласаа уставните измени, во игра се и ветувања за милионски суми за пратеници кои ќе го дадат својот глас за новиот закон за ЈО. Во случај да одбијат, за дел од пратениците во игра се и закани дека може да одговараат за тешки кривични дела. Вакво нешто слично се случуваше кога се гласаше промената на уставното име на државата.

Во трговијата се вклучени и други бенефиции како вработувања за блиски луѓе на тие што ќе гласаат, но и ветувања за добивање тендери за фирми блиски на пратениците.