Одличната година за Данил Медведев продолжува во целосна сила, откако Русинот забележа една од неговите најсериозни победи во сезоната.

Вчеравечер тој го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 3:6, 6:3, 6:3 во судирот меѓу нив во 1/2-финалето на турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Синсинати и направи едно од најголемите изненадувања.

Во другото полуфинале од турнирот немаше толку драма. Давид Гофен победи многу поубедливо со 6:3, 6:4 во своја корист Андреј Рубљов и си обезбеди место во финалето каде ќе спори за трофејот со Медведев.